Она што беше најавувано неколку месеци, доби и официјална потврда. Еурофарм Пелистер го ангажираше репрезентативниот голман Никола Митревски за следната сезона 2024/25.
Митревски по долги години се враќа во својот матичен клуб, и потпиша дегодишен договор. Тој веќе четири сезони е дел од Порто, а играше и за Констанца, Бенфика, Металург и Вардар.
Официјалното претставување на Митревски во дресот на актуелниот првак е предвидено за денеска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА