ОФИЦИЈАЛНО: Николче Шаркоски е ново засилување за Шкендијa Арачиново

Амбициозниот проект на македонскиот второлигаш Шкендија Арачиново продолжува со одличен потпис во борбата за враќање на клубот во Првата македонска фудбалска лига.

Шаркоски со себе носи значајно искуство од елитниот фудбал, бидејќи беше активен во Првата лига во Македонија каде беше дел од Вардар, Работнички, Академија Пандев, Воска Спорт и Победа.

Во последната сезона беше дел Кожуф каде што се истакна со својата одлична игра.

 

Се вчитува...