ОФИЦИЈАЛНО: Норгард е нов фудбалер на Арсенал

Досегашниот капитен на Брентфорд, Кристијан Норгард е ново засилување на Арсенал, објавија денесоа од лондонскиот клуб.

Арсенал го официјализираше трансферот на играчот од средниот ред на Брентфорд и Данска вреден 12 милиони фунти. На овој начин „топчиите“ дополнително го засилија средниот ред, а Норгард потпиша двегодишен договор.

Капитенот на Брентфорд на тој начин ќе ја засили конкуренцијата на позицијата дефанзивен фудбалер за врска, каде Арсенал веќе го доведе Мартин Зубименди. Клубот се одлучи на овие потези откако се раздели со Томаш Парти и Жоргињо, тандемот кој минатата сезона играше пред стоперскиот тандем.

Се вчитува...