Официјално: Нотинхем Форест се засили со Французин за 31.5 милиони евра

Арнаулд Калимуендо од денеска и официјално е нов фудбалер на англискиот премиерлигаш Нотинхем Форест реализирајќи трансфер вреден 31.5 милиони евра од редовите на Рен.

Дваесетитригодишниот напаѓач кој минатата сезона постигна 18 голови на 34 одиграни средби потпиша петгодишен договор со кој ќе остане цел од „црвено-белиот“ состав до 2030 година.

Се вчитува...