Натпреварот од Примера дивизион меѓу Барселона и Лас Палмас предвиден за денеска нема да се одигра, беше решено попладнево, на само 90 минути пред почетокот на оваа средба.
Конфликтите меѓу каталоските гласачи и полицијата за време на референдумот за независност на оваа шпанска покраина беше причина да се иницира идејата за одложување на дуелот на „Камп ноу“. Фудбалерите на двата тима веќе беа пристигнати на стадионот, каталонската полиција исто така даде препорака дека мечот би можел да се игра без никаков сигурносен ризик, но раководството на Барселона и челниците на Шпанската Фудбалска Федерација сепак донесоа одлука денеска да нема фудбал во Каталонија.
Воедно, Каталонската Фудбалска Федерација ги откажа сите натпревари што требаше да се играат во регионалните натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА