Трката за големата награда на Кина која требаше да се одржи на 19. април, одложена е поради коронавирусот, потврдија од Формула 1. Официјалните лица на градот Шангај, препорачаа откажување на сите спортски настани, а по најновиот извештај на Светската здравствена организација во кој се наведува дека од болеста починале над 1.000 луѓе, Формула 1 и ФИА одлучија да ја одложат трката. Одлуката е донесена како би се заштитило здравјето и сигурноста на возачите, членовите на тимовите и навивачите.
„Големата награда на Кина секогаш беше важен дел од нашиот календар. Навивачите таму се навистина неверојатни. Се надеваме дека трката ќе се одржи колку е можно побрзо. Им посакуваме на сите во Кина се најдобро во текот на овој тежок период“, стои во соопштението.
Како што се наведува, Формула 1 и ФИА ќе ги продолжат преговорите со тимовите и организаторите, како и со локалните власти, како би го договориле датумот за новото одржување на трката.
The 2020 #ChineseGP will be postponed due to the coronavirus outbreak
F1 and the FIA have accepted a request from the promoter to postpone the event
We will continue to monitor the situation and assess potential alternative dateshttps://t.co/0VImeMSxlV
— Formula 1 (@F1) February 12, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА