Официјално: Оливие Жиру е нов фудбалер на Милан

Искусниот француски фудбалер, Оливие Жиру и официјално е нов фудбалер на Милан, потврдија денеска од италијанскиот гигант. Тој со тимот од „Сан Сиро“ потпиша двегодишен договор, а ќе го носи дресот со број „9“.

Тој во Италија преминува од редовите на Челси, клуб со кој минатата година славеше во Лигата на шампионите. Покрај за Челси во кариерата настапуваше и за Арсенал и за Монпелје.

 

Се вчитува...