Интересни вести доаѓаат од Меѓународниот олимписки комитет. „Брејкденс“ отсега станува официјална олимписка дисциплина!
На Олимписките игри во Париз во 2024 година, учесниците ќе се натпреваруваат и во скејтборд, спортско качување и сурфање, а истите ќе дебитираат на Игрите во Токио следната година.
Брејкденс беше предложен од организаторите на Париските игри пред две години, по позитивните реакции на Младинските олимписки игри 2018 во Буенос Аирес. После тоа, предлогот помина низ понатамошни фази на одобрување во 2019 година, а по одделни одлуки на Извршниот одбор на МОК, денес и официјално јавноста е известена за овие нови промени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА