Официјално: Пабло Ласо нов тренер на Анадолу Ефес

Само еден ден пред градското дерби против Фенербахче во турското првенство и пред двојната рунда во Евролигата, КК Анадолу Ефес официјално потпиша договор со искусниот стручњак Пабло Ласо кој е со важност до 2027 година. 

Веќе некое време беше познато дека двократниот освојувач на Евролигата ќе биде предводен од искусниот шпански стручњак, и два дена после гостувањето во Валенсија, двете страни склучија договор за заедничка соработка.

Ласо треба да дебитира денеска во 18:30 часот на гостувањето кај Фенербахче, а во среда ќе дебитира во Евролигата против Жалгирис во Каунас.

Се вчитува...