Шпанскиот спортски медиум „Мундо депортиво“ потврди дека Париз ќе биде домаќин на летните Олимписки Игри во 2024 година, додека четири години подоцна ќе се одржи во Лос Анџелес.
Двете метрополи добија дозвола од страна на олимпискиот комитет, по тринеделните преговори е донесена конечна одлука ОИ 2024 година да се одржува во Париз, а потоа во Лос Анџелес, иако „градот на ангелите“ преферираше да биде пред францускиот главен град.
Покрај Париз и Лос Анџелес, останатите четири градови(Хамбург, Будимпешта, Рим и Бостон) ја повлекоа својата кандидатура, оставајќи малку простор околу изборот на домаќини. Олимписките Игри се враќаат во Париз по 100 години, додека Лос Анџелес ќе ја има честа повторно да го „вдоми“ светот по 44 години чекање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА