Актуелниот шампион на АБА, Партизан денеска доби големо засилување откако го официјализираше потписот на поранешниот НБА кошаркар, Пи-Џеј Доузер.
Дваесетишестгодишникот кој ги покрива бековските позиции низ кариерата настапуваше за Денвер Нагетс, Бостон Селтик, Оклахома Сити Тандер и Сакраменто Кингс, а беше дел и од „Џи лигата“.
Најдобар учинок го забележа во сезоната 2020/21 во која за Денвер Нагетс одигра 50 натпревари на кои забележа просек од 7.7 поени и 3.6 скокови.
Pi Džej Doužer je novo pojačanje Partizana Mozzart Bet!✊🏽⚫️⚪️
🔗 https://t.co/n3V5mSAbkz#KKPartizan pic.twitter.com/PX4LhXAhzi
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) August 12, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА