Партизан и Валенсија следната сезона ќе бидат дел од Евролигата, потврдија двата клуба. На денешниот состанок на сопственици на Евролигата беше донесена одлука минатогодишните настапувачи во Еврокупот да бидат дел од „елитното“ друштво на местото на руските клубови кои добија забрана за настап и за следната сезона.
За Партизан тоа воедно значи и враќање на евролигашката сцена по сезоната 2013/14, додека тимот за кој настапува и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе се врати меѓу најдобрите тимови од „стариот континент“ по само една сезона.
Со тоа Македонија повторно ќе има претставник во Еволигата по сезоната 2017/18 во која оваа чест ја бранеше Перо Антиќ во редовите на Црвена Звезда.
Во сезоната 2022/23 во Евролигата ќе се натпреваруваат: Алба Берлин, Анадолу Ефес, Монако, Милано, Басконија, Црвена Звезда, Партизан, Барселона, Баерн Минхен, Фенербахче, АСВЕЛ, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Валенсија, Вирутс Болоња и Жалгирис.
Velika stvar se desila danas! Sa ponosom mogu da kažem, #KKPartizan je deo @euroleague 🖤🤍
Ponosan sam na svoje saradnike i sve u klubu koji su vredno radili da bismo ostvarili cilj.
Hvala navijačima na podršci i strpljenju! Lepi dani su pred nama! pic.twitter.com/EdSjWz7WF0
— Ostoja Mijailovic (@Ostoja1945) June 16, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА