ОФИЦИЈАЛНО: Партизан има нов центар

Тоње Џекири е нов кошаркар на Партизан, потврди клубот на социјалните мрежи. Спортскиот сектор на црно-белите брзо реагираше на заминувањето на Тајрик Џонс во Олимпијакос.

Негова замена ќе биде 31-годишен Нигериец, кој го носи дресот на ЦСКА Москва од 2023 година. Пред епизодата во Русија, тој играше за Асвел, Басконија, Уникс и Фенербахче во Евролигата.

Џекири беше член на Универзитетот во Мајами четири години, но не беше избран на драфтот на НБА во 2016 година. После тоа, тој замина во Европа, каде што собра искуство во Бандирма, Остенде и Газиантеп пред да се приклучи на елитата.

Се вчитува...