ОФИЦИЈАЛНО: Партизан се прости од Кевин Пантер

Кошаркарскиот клуб Партизан и официјално соопшти дека Кевин Пантер повеќе нема да биде член на црно-белиот тим.

Клубови кои што се во редот за неговиот потпис се Барселона и Макаби. Пантер стигна во 2021 година во Партизан и беше еден најдобрите кошаркари во белградскиот тим.

„После три незаборавни сезони, Кевин Пантер летово заминува од Партизан. Поранешниот капитен на црно-белите и клубот постигнаа договор врз основа на кој ќе се разделат. Еден од најомилените играчи на Партизан во последните три години засекогаш ќе остане дел од црно-белото семејство. „Кеп“, каде и да сте во остатокот од вашата кариера, вашиот дом секогаш ќе биде во црно-белиот Белград“, стои во прошталната порака на КК Партизан.

Се вчитува...