Официјално: Паскал Грос потпиша за Борусија Дортмунд

Борусија Дортмунд успеа да осигура уште еден значаен потпис откако денеска го официјализираше трансферот на Паскал Грос, 33-годишниот играч за врска кој се враќа назад во германскиот фудбал по успешната авантура што ја имаше во англискиот премиерлигаш Брајтон.

Токму одличните игри во дресот на Брајтон беа препорака за Борусија да тргне во офанзива по Грос, на крајот двата клуба се договорија трансферот да изнесува почетни седум милиони евра, по што Грос ги мина лекарските прегледи и потпиша двогодишен договор со „милионерите“ од Дортмунд.

„Со нетрпение го очекувам почетокот на мојата авантура во Боруија Дортмунд. Ова е огромна работа за мене бидејќи од дете сум навивач на Борусија, а сега ќе добијам шанса и да заиграм за мојот омилен клуб. Верувам дека ќе ја оправдам довербата на управата која инсистираше да ме донесе“, изјави Грос по потписот на договорот.

Тој претходно мина седум сезони во дресот на Брајтон, настапувајќи на 228 средби во Премиер-лигата и притоа постигнувајќи 30 погодоци и 45 асистенции.

Се вчитува...