Патрик Шик е ново засилување на Јувентус, откако Сампдорија ја прифати понудата од 25 милиони евра за 21-годишниот напаѓач. Младиот голгетер го прогласија за откритие на сезоната во Серија А, со 11 погодоци покажа дека во него има голем талент, а Јувентус во оваа трка успеа да ги победи ривалите Интер, Рома и Наполи, кои исто така се интересираа за овој фудбалер.
Чешкиот репрезентативец моментно ги извршува обврските со националниот тим, но ќе добие дозвола од репрезентацијата за да ги изврши медицинските прегледи во Торино, пред да замине за Полска каде ќе игра на ЕП за фудбалери до 21 година. За сениорскиот тим на Чешка, Патрик Шик има одиграно три натпревари, а дебитантскиот гол го постигна во мај минатата година, против репрезентацијата на Малта во големиот триумф од 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА