ОФИЦИЈАЛНО: Пауновиќ е нов селектор на Србија

Фудбалскиот сојуз на Србија ја објави веста дека Вељко Пауновиќ е наследник на Драган Стојковиќ, кој ја извршуваше функцијата селектор од 2021 година до октомври 2025 година, кога поднесе оставка по поразот од Албанија во Лесковац.

Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија, Бранко Радујко, истакна дека Пауновиќ ја прифатил поканата со максимална посветеност и желба да и помогне на репрезентацијата во време кога сè уште постојат шанси за пласман на Светското првенство.

„Фудбалскиот сојуз на Србија донесе одлука. Вељко Пауновиќ ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Србија во борбата за место на Светското првенство во 2026 година! Шансите за пласман сè уште постојат, и токму затоа Вељко Пауновиќ, заедно со својот тренерски штаб, прифати да ја предводи репрезентацијата на натпреварите против Англија и Летонија“, стои во соопштението на ФСС. 

Се вчитува...