Жоан Пењароја е нов тренер на Партизан. Поранешниот тренер на Барселона пристигна синоќа во Белград, каде што денеска ќе ја преземе функцијата шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Шпанскиот тренер досега ги водеше екипите на Барселона, Басконија, Валенсија, Манреза, Бургос и Андора. Со тимот на Бургос, Пењароја двапати ја освои Лигата на шампионите на ФИБА (2020 и 2021 година), како и Интерконтиненталниот куп на ФИБА.
Заедно со Пењароја, на тренерскиот штаб како асистент му се придружи и Урош Драгичевиќ, поранешен директор на Академијата на КК Фуенлабрада и поранешен член на тренерскиот штаб на Монако.
Своето деби на клупата на белградскиот тим Пењароја ќе го има во петок на домашен терен против Макаби Тел Авив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

