Официјално: Петрушев потпиша за Филаделфија

Филип Петрушев и официјално си заминува од Црвена Звезда и следната сезона ќе биде дел од НБА-лигата, откако крилниот центар денеска потпиша договор со Филаделфија.

Овој клуб го имаше драфтувано Србинот како 50. пик на драфтот во 2021 година, по што Петрушев мина по една сезона во Ефес и во Црвена Звезда. Потоа тој беше поканет да настапува на натпреварите од Летната лига за Филаделфија, Петрушев настапи на две средби и имаше просек од 12,5 поени и 4,5 скокови по натпревар, но со прикажаното очигледно го привлече вниманието и за награда доби – договор во НБА-лигата.

Филаделфија не ги обелодени финансиските детали од договорот, а неизвесно е дали Петрушев ќе биде дел од првата екипа од самиот старт на сезоната или најпрвин ќе биде испратен во развојната екипа, како адаптација пред настапите во НБА.

Се вчитува...