Со освојвуањето на титулата во Серија А, веќе немаше дилеми дека Милан ќе ги понесе признанијата за сезоната во Италија.
Рафаел Леао е избран за играч на сезоната, откако го поведе Милан до деветнаесеттото скудето. Португалецот до МВП признанието дојде со единаесет погодоци и десет асистенции. Леао особено блескаше во завршницата на сезоната, на последните шест натпревари учествуваше директно во девет од тринаесет гола на тимот. Тој беше најдобар стрелец на „росонерите“ и главен играч во ростерот.
Исто така, признанието за тренер на годината замина во рацете на Стефано Пиоли. Скромниот стратег кој успеа од младиот Милан да направи шампионски колектив го издржа притисокот и проблемите кои ги следеа, па сосема заслужено го крена трофејот за првакот во Италија.
Покрај нив двајца, за најдобар голман оваа сезона е избран Мајк Мењон од таборот на шампионот. Доколку последното коло и битката за титулата имаше поинаков исход, веројатно и изборот ќе беше поинаков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА