ОФИЦИЈАЛНО: Пиоли останува во Милан до 2023 година

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли и официјално го продолжи договорот со „росонерите“ до 2023 година. Досегашната соработка на 56-годишниот тренер и тимот од Милано истекуваше следното лето, а сега е продолжена плус за уште една година со можност за продолжување до 2024 година.

Задволоството поради постигнатиот договор не го криеше директорот Паоло Малдини.

„Задоволен сум што ќе продолжиме по патот кој го почнавме и кој дава резултати. Наша цел е да изградиме тим способен да се натпреварува на највисоко ниво секоја сезона“, изјави Малдини. 

 

 

Се вчитува...