Францускиот фудбалер Пол Погба потпиша договор со Монако.
Така, Погба за првпат ќе игра во Лига 1, во тимот од Кнежевството, каде што доаѓа по тешкиот период што го мина во вториот мандат во Јувентус.
Французинот и некогаш еден од најдобрите светски фудбалери по турбулентен период ќе добие нова шанса да се врати на фудбалската мапа каде отсуствуваше одреден период.
Монако на тој начин доби големо засилување за следната сезона, каде тимот од Азурниот брег повторно ќе игра во Лигата на шампионите.
Погба зад себе има богата кариера, каде настапуваше само за два клуба, Јувентус и Манчестер Јунајтед, додека како француски репрезентативец стана светски шампион во Русија во 2018 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

