Челси вечерва потврди дека Маурисио Покетино не е повеќе тренер на екипата. Двете страни се договориле да ја прекинат соработката.
Покетино издржа на клупата на „сините“ само една сезона. Дојде на голема врата, но оваа сезона беше разочарувачка за Челси, и долго време се шпекулираше за негова смена.
„Во име на Челси, би сакале да се заблагодариме на соработката. Тој секогаш е добродојден на Стемфорд Бриџ, и му посакуваме се најдобро“, изјавија спортските директори Лоренс Стјуарт и Пол Винстанли.
Покетино се заблагодари на довербата.
„Благодарност до Челси и на спортските директори за можноста да бидам дел од овој клуб. Клубот е сега добро позициониран да продолжи да напредува во Премиерлигата и во Европа во следните години“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА