Официјално: Пол Погба суспендиран поради допинг

Францускиот репрезентативец Пол Погба официјално е суспендиран од понатамошни настапи во дресот на Јувентус поради позитивен тест за допинг од страна на италијанската анти-допинг агенција.

Триесетгодишниот фудбалер од средниот ред бил случајно одбран за тестирање и покрај тоа што натпреварот помеѓу Удинезе и Јуентус го проследи од клупата, а резултатите утврдиле дека има покачено ниво на тестостерон.

Суспензијата на Погба е според протоколот и ќе важи се додека не се утврдат резултатите од вториот примерок од тестот.

Се вчитува...