Интер Мајами експресно ја заврши потрагата по нов тренер откако беше прекината соработката со Тата Мартино по шокантниот пораз и елиминацијата на стартот од плејофот во МЛС-лигата.
Во игра беа неколку стручњаци, но за многумина очекувано, изборот на крајот падна на Хавиер Маскерано, поранешниот аргентински репрезентативец кој беше селектор на „гаучосите“ на ОИ во Париз. Главна препорака на Маскерано сепак беше што важи за многу добар пријател на Лео Меси од времето кога двајцата настапуваа за Барселона, па јасно е дека аргентинската суперѕвезда даде „препорака“ за токму тој да биде избран за нов тренер, со договор до јуни 2027 година.
„Низ целата кариера како играч, но и сега како тренер, Хавиер секогаш демонстрираше што го прави голем – извонредна посветеност и решителност што ги поседува и што ги бара од своите фудбалери. Пресреќни сме што ќе го имаме на чело на нашиот тим“, изјави ко-сопственикот на Интер Мајами, англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА