Официјално: ПСЖ го претстави украинското засилување

Украинскиот репрезентативец Илија Забарњи од денеска и официјално е нов фудбалер на актуелниот освојувач на Лигата на Шампиони, ПСЖ.

Во париските редови 22-годишникот се сели од премиерлигашот Бормут во трансфер вреден 66 милиони евра. Забарњи потпиша пет годишен договор и ќе биде дел од ПСЖ најмалку до 2030 година.

 

Со заминувањето на Украинецот продолжи егзодусот во стоперската линија на Бормут. Претходно клубот го напуштија и Кепа кој потпиша договор со Арсенал, Хујсен се пресели во Реал Мадрид, а Керкез во Ливерпул.

Се вчитува...