Официјално: ПСЖ „украде“ уште еден „бисер“ на Барса

ПСЖ осигура потпис на уште еден суперталентиран фудбалер во своите редови откако денеска го официјализираше трансферот на Дро Фернандез, 18-годишниот плејмејкер кој важеше за еден од најголемите таленти во школата на Барселона.

Откако на сличен начин пред неколку години го доведоа и Чави Симонс, „светците“ од Париз повторно се решија на сличен чекор, убедувајќи го тинејџерот дека преселба на „Паркот на принцовите“ му е подобра опција отколку останување на „Камп Ноу“.

Дро сезонава дебитираше за првиот тим на Барса, како во Примера така и во ЛШ, но беше очигледно дека тренерот Флик не смета сериозно на неговите услуги, давајќи им предност на други млади фудбалери пред него.

Поради ова, 18-годишниот плејмејкер прифати да се пресели во Париз, по што ПСЖ експресно ја активираше клаузулата во висина од 8,2 милиони евра и го официјализираше овој трансфер.

Се вчитува...