Официјално: Раја стана нов голман на Арсенал

Давид Раја го комплетираше својот трансфер во Арсенал, откако потпиша договор со „топчиите“. Шпанскиот голман лани ги одигра сите натпревари за Брентфорд во Премиерлигата.

Раја доаѓа како позајмен од овој тим до крајот на сезоната, со што Арсенал ќе му плати на Брентфорд 3 милиони евра, плус 2 милиони при евентуално останување.

„Давид е одличен голман, и го ангажиравме за да ја зголемиме конкуренцијата и квалитетот во нашиот тим и да го подигнеме нивото на повисоко ниво во сите натпреварувања“, рече Раја.

Се вчитува...