Ракометната Супер-лига од следната сезона и официјално ќе брои 12 клубови, беше изгласано на денешната седница на Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија. По дискусијата на последното Собрание на РФМ беше донесена одлука Собранието да му остави мандат на Управниот Простор по разговори со клубовите да најде соодветен систем кој би довел до дополнителен раст на квалитетот во елитното ракометно друштво.
На денешниот состанок на УО беше официјализирано дека Супер-лигата ќе се намали од 16 на 12 клубови. Загарантирано место во 2024/25 ќе има за осумте учесници во плејофот за оваа сезона (Алкалоид, Тиквеш, Пролет, Вардар, Е. Пелистер, Струга, Охрид и Бутел), како и за најдобрите две екипи кои ќе играат во плејаут натпреварувањето сезонава. Во елитата ќе има место за шампионот на Првата лига за сезоната 2023/24, а последното место ќе биде решено со еден бараж меч меѓу третопласираниот тим од плејаутот од Супер-лигата, против второпласираната екипа од Првата лига.
- 1-от пренесува 3 бода
- 2-от пренесува 2 бода
- 3-от пренесува 2 бод
- 4-от пренесува 1 бод
- 5-от пренесува 1 бод
- 6-от пренесува 0 бодови
- 7-от пренесува 3 бода
- 8-от пренесува 2 бода
- 9-от пренесува 2 бод
- 10-от пренесува 1 бод
- 11-от пренесува 1 бод
- 12-от пренесува 0 бодови
Најдобрите десет екипи обезбедуваат суперлигашки статус и за наредната сезона, последниот директно испаѓа од елитното друштво и ќе биде заменет со шампионот на Првата лига, додека претпоследната екипа од Супер-лигата ќе игра бараж со вицепрвакот од Првата лига за пополнување на последното место во елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА