Официјално: Разрешен Тиаго Мота, во Јувентус се врати Игор Тудор

Фудбалскиот клуб Јувентус потврди дека Тиаго Мота не е повеќе тренер на тимот. Согласно најавите од претходно, Игор Тудор ја презеде функцијата на нов шеф на струката.

„Сакаме да му се заблагодариме на Мота и на неговиот стручен штаб и за неговата работа во изминатите месеци. Како клуб му посакуваме се најдобро во иднина“, изјавија од Јувентус и дополнуваат:

„Јувентус потврдува дека првиот тим ќе го води Игор Тудор, кој ќе ја извршува функцијата од утре 24. март 2025 година“, стои во соопштението.

Се вчитува...