Младиот јапонски фудбалер Такефуса Кубо е новото засилување на Реал Мадрид, соопштија од клубот. Кубо веднаш ќе биде префрлен во вториот тим, Реал Кастилја, каде ќе има шанса да ги покаже своите квалитети.
Реал Мадрид за 18-годишникот платил два милиони евра. Кубо со кралскиот тим се обврза на пет години, а годишно ќе заработува по еден милион евра. Кубо беше еден од првите Јапонци кои пристигнале во Барселона во 2011 година. Сепак подоцна беше утврдено дека клубот од „Камп ноу“ ги прекршил правилата на ФИФА околу доведувањето на младиот фудбалер, поради што договорот беше поништен, а фудбалерот се врати во Токио.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА