ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го објави првото засилување за идната сезона

Сега и официјално. Дин Хујсен од Борнмут во иднатга сезона ќе игра за Реал Мадрид. Кралскиот клуб објави дека постигнал договор со англиската екипа за трансфер на младиот шпански стопер.

Хујсен потпиша договор со „кралевите“ на пет години, односно до јуни 2030 година. Хујсен има 20 години, и во меѓувреме стана шпански репрезентативец. Тој е номиниран за наградата млад играч на годината во Премиер-лигата.

Тоа е првото летно засилување за Реал, а второто ќе биде Тренд Александар-Арнолд, а треба да биде постигнат договор и со Алваро Карерас од Бенфика. Како што е познато, Реал добива и нов тренер во името на Чаби Алонсо.

Се вчитува...