ОФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид го потврди Килијан Мбапе!

И официјално, актуелниот европски шампион Реал Мадрид го потврди трансферот на францускиот репрезентативец Килијан Мбапе во своите редови.

„Кралевите“ само кратко на својата официјална интернет страница потврдија дека е потпишан петгодишен договор со Мбапе.

Французинот како слободен играч доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“, како огромно засилување за тимот до јуни 2029 година.

Се вчитува...