Официјално: Реал Мадрид го престави новиот „столб“ на одбраната (ФОТО)

Тоа што беше познато веќе подолго време денеска беше официјлизирано откако Реал Мадрид го претстави Антонио Рудигер. Германскиот стопер доаѓа во актуелниот шампион на Европа од редовите на доскорешниот, Челси како слободен играч.

Дваесетидеветгодишникот кој кариерата ја започна во Штутгарт во 2016 година ја засили Рома, а по две години во Рим се пресели во Челси каде се наметна како еден од најдобрите стопери на денешницата.

Се вчитува...