Габриеле Прочида, 23-годишниот италијански кошаркар кој ги покрива позициите два и три од денеска и официјално е нов член на еден од најтрофејните кошаркарски колективи Реал Мадрид.
Во главниот град на Шпанија пристигнува од редовите на Алба Берлин каде настапуваше во последните три сезони. Минатата сезона во Евролигата забележа просек од 9.7 поени и 2.2 скокови.
Со Реал Мадрид потпиша тригодишен договор во кој сепак постои излезна клаузула доколку дојде примамлива понуда од НБА. Италијанецот на драфтот во 2022 година беше одбран како 36. пик од страна на Јута Џез,но досега не забележа ниту еден натпревар во најсилното кошаркарско првенство.
🎯🏹 Gabriele Procida pic.twitter.com/OtmJhdGcwx
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

