Роберто Мартинез повторно има селекторска работа, откако денеска и официјално беше назначен на клупата на Португалија. Само неполн месец откако го напушти кормилото на Белгија, Мартинез сега ќе води уште една силна репрезентација.
Мартинез доаѓа на местото на Фернандо Сантош кој долго време беше селектор, но неговата репрезентација потфрли на Мундијалот во Катар, испадна од Мароко во 1/4 финалето, и отказот беше неминовен.
„Почестен сум што ќе водам репрезентација која е една од најталентираните во светот“, рече Мартинез, и потоа се осврна на Кристијано Роналдо.
„Ќе зборувам со сите фудбалери кои беа на Мундијалот, меѓу нив и Роналдо. Тој заслужува да разговарам и јас го респектирам. Сакам да знам кои им се плановите на сите во иднина“, рече Мартинез.
Um novo 𝗟𝗶́𝗱𝗲𝗿 ao serviço de Portugal 🇵🇹: bem-vindo, Mister Roberto Martínez! 🤝 #VesteABandeira
A new 𝗟𝗲𝗮𝗱𝗲𝗿 at 🇵🇹 service: welcome, Coach Roberto Martínez! 🤝 #WearTheFlag pic.twitter.com/TCDe3yzJr9
— Portugal (@selecaoportugal) January 9, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА