Официјално: Рома претстави ново засилување

Нов фудбалер на Рома од денеска и официјално е Даниеле Гиларди, поранешниот младински репрезентативец на Италија кој потпиша договор со важност до 2030 година.

Дваесетиедногодишниот Гиларди кој ја покрива стоперската позиција во Рома пристигнува од редовите на Верона каде ги помина последните три сезони во трансфер вреден 10 милиони евра со можност за дополнителен милион да биде исплатен по остварување на одредени бонуси.

Се вчитува...