Официјалните лица на Олимпискиот комитет на Русија денеска поднесоа жалба на суспензијата за допинг која е во траење до крајот на Летните олимписки игри во 2024 година. Судот за спортска арбитража во Лозана, ќе донесе одлука по жалбата на Русија на почетокот на следната година, одлука која ќе биде конечна околу суспензијата на рускиот спорт.
Русија беше обвинета од Светската антидопинг агенција (ВАДА) за систематско допингување на спортистите уште на Зимските олимписки игри во Сочи 2012, а неодамна беше откриено да се мешале и околу податоците на спортистите.
Поради тоа ВАДА донесе одлука за суспензија на целиот руски спорт до крајот на 2024 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА