Официјално: Руските и белоруските тенисери ќе учествуваат на Австралија опен

Тениската федерација на Австралија (ТА) ќе им дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да учествуваат на гранд-слем турнирот во Мелбурн.

Претходно, украинскиот амбасадор Василиј Мирошниченко ја повика Австралија да го забрани учеството на тенисери од Русија и Белорусија во Мелбурн. Тој рече дека ќе одржи состанок со директорите на (ТА) за ова прашање.

„Тенисерите од Русија и Белорусија можат да учествуваат на индивидуални меѓународни турнири, вклучувајќи го и Австралија опен. Тоа одговара на принципите поставени од министерот за спорт во земјата“, јави ТА. 

На крајот на февруари 2022 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) им препорача на спортските федерации да не дозволуваат претставници на Русија и Белорусија да учествуваат на меѓународни натпревари поради ситуацијата во Украина. Од 1. март Меѓународната тениска федерација (ИТФ) им изрече суспензија на Русија и Белорусија, со забрана за екипно учество, како и за организирање турнири.

Се вчитува...