Марсел Сабицер од денеска и официјално е нов фудбалер на Боруисја Дортмунд, потврди германскиот бундеслигаш. Австрискиот репрезентативец на „Сигнал Идуна Парк“ доаѓа од редовите на Баерн Минхен во трансфер вреден 20 милиони евра.
Сабитцер најголемите успеси ги забележа во дресот на Лајпциг кој го носеше од 2014 до 2021 година пред да премине во Баерн Минхен. За „баварците“ запиша 54 натпревари, но последната сезона ја помина на позајмица во редвоите на Манчестер Јунајтед.
🇦🇹 𝑺𝑨𝑩𝑰 𝑰𝑺 𝑯𝑬𝑹𝑬 🇦🇹 pic.twitter.com/NACtmGNIsY
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) July 24, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

