Манчестер јунајтед и Арсенал официјално ја остварија размената меѓу Алексис Санчез и Хенкрик Мхитаријан. Финансиски средства не беа вклучени во оваа размена, односно ниту еден клуб не доплати за своето ново засилување.
Санчез по три и пол сезони го напушти „Емирати“, а со потпишувањето на договорот на 4,5 години со „црвените ѓаволи“ ќе биде најплатениот фудбалер во Премиер – лигата со неделна плата од 490.000 фунти. Чилеанецот притоа ќе го носи легендарниот број „7“ на грбот, со надеж дека успешно ќе ја продолжи традицијата на Кантона, Бекам, Роналдо.
? Ladies and gentlemen, please take your seats. Introducing #Alexis7…#GGMU #MUFC @Alexis_Sanchez pic.twitter.com/t9RIIx4mE4
— Manchester United (@ManUtd) January 22, 2018
„Пресреќен сум што дојдов да играм за најдобриот клуб на светот. Шансата која ми се понуди да играм на историскиот „Олд трафорд“ под водство на Мурињо едноставно не можев да ја одбијам. Горд сум што ќе бидам првиот Чилеанец што ќе го носи овој дрес, се надевам дека ќе остварувам многу успеси со мојот нов тим“, истакна Санчез за официјалната веб- страница на Јунајтед.
Мхитаријан на „Емирати“ пристигнува како огромно засилување. Ерменецот потпиша договор на 3,5 години со „точиите“ и притоа ќе заработува 200.000 фунти неделно.
Overjoyed and honoured to sign for the club I supported as a boy? @Arsenal #WeAreTheArsenal pic.twitter.com/si7cm0mojh
— Henrikh Mkhitaryan (@HenrikhMkh) January 22, 2018
„Среќен сум што ќе ги бранам боите на Арсенал. Преселбата во Лондон за мене е остварување на сонот, бидејќи уште како мал сонував да играм за Арсенал. Сега кога сум тука, ќе дадам се од себе да остварам нови успеси со овој клуб“, истакна Мхитаријан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА