Актуелниот германски шампион Баерн Минхен го официјализираше трансферот на Сандро Вагнер. Германскиот репрезентативец потпиша договор на две ипол години, а баварскиот гигант исплати 10 милиони евра на Хофенхајм.
„Среќен сум што моето долго патување заврши и конечно се враќам дома, во мојот клуб, во моето родно место. Драго ми е што трансферот се реализираше брзо и без никакви проблеми. Баерн е најголемиот клуб во Германија и меѓу најдобрите клубови во светот. Кога пристигна понудата воопшто не се двоумев, знаев дека го правам вистинскиот чекор, сепак, ова е напредок во кариерата“, истакна Вагнер.
Вагнер се враќа во клубот каде ја започна својата кариерта. Голгетерот се усовршуваше цели 11 години во младинските категории на Баерн, додека за првиот тим забележа 8 настапи пред да биде продаден на Кајзерслауртен. Вагнер во кариерата ги бранел боите уште на Дармштад, Вердер Бремен, Дуизбург и Херта, но најмногу се истакна во дресот на Хофенхајм.
За германската репрзентација има забележано 7 настапи на кои постигна пет погодоци, а беше дел и од тимот кој го освои Купот на конфедерации изминатово лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА