Сер Џими Ретклиф конечно успеа да ја заврши целата работа со фамилијата Глејзери и да купи 25 отсто од акциите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед.
Ретклиф веднаш ќе ги презеде фудбалските акции во клубот и ќе раководи со се што е поврзано со тимот.
Клубот потроиш 1,4 милијарди фунти по заминувањето на Сер Алекс Фергусон и забележа релативно мал успех со тие засилувања. Во последните години се издвојуваат трансферите на Пол Погба, Антони, Мегваер, Лукаку, Санчо. Во „ерата“ на Тен Хаг се потрошени 374 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА