Искусниот шпански центар Серж Ибака и официјално ќе биде замената за заминатиот Винсант Поарие во Реал Мадрид откако шпанскиот клуб денеска го претстави 34-годишникот како свој нов кошаркар.
По 14 години поминати во НБА лигата каде настапуваше за Оклахома, Орландо, Торонто, ЛА Клиперс и Милвоки центарот се врати назад во Европа и го облече дресот на Баерн Минхен. За германскиот клуб настапуваше со голема успешност бележејќи просек од 12.6 поени, 6.8 скокови, 1.3 блокови и 1.2 асистенции на 28 одиграни натпревари во Евролигата.
За Ибака тоа е камбек во Реал Мадрид за кој кратко настапуваше во сезоната 2011/12 која ја одбележа НБА локаутот.
👍📸😀#WelcomeIbaka pic.twitter.com/Y9WNEaMrD7
— Real Madrid Basket (@RMBaloncesto) July 26, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА