Официјално: Шампионот од Мото ГП си заминува

Актуелниот шампион во Мото ГП, Хорхе Мартин, и официјално информираше дека ќе ја напушти Априлја на крајот од сезоната.

Мартин планира да ја искористи клаузулата во договорот со Априлија и да го напушти тимот на крајот од 2025 година, како што веќе беше пренесено и претходно.

Врз основа на таа клаузула, Мартин има право да ја раскине соработката ако по Големата награда на Франција не е меѓу водечките возачи во шампионатот, што се случи поради низа повреди кои целосно го исклучија од натпреварувањето во првите шест трки.

„Не го прекршив договорот. Кога го потпишавме, се согласивме дека имам право да одлучувам за мојата иднина до 2026 година, под одредени околности. Тоа беше клучен услов за прифаќање на понудата. До одлуката дојдов со многу почит и искреност. Поминав низ многу тежок период и сериозна повреда, а сега сакам јасно да ја испланирам мојата иднина“, рече Мартин.

Априлја неодамна издаде соопштение во кое јасно стави до знаење дека сака да го задржи Мартин и се закани дека ниеден друг тим не може да преговара со Мартин додека тој е под важечки договор.

Се вчитува...