Грузискиот репрезентативец Торнике Шенгелија денеска официјално беше претставен како нов кошаркар на шпанскиот гигант Барселона потпишувајќи тригодишен договор.
Шенгелија важи за еден од најдобрите крилни центри во Европа. Изминатата сезона бележеше просек од 15.6 поени, 5.0 скокови и 2.7 асистенции во Евролигата настапувајќи за Виртус Болоња.
Грузиецот последните три сезони ги помина во италијанскиот тим, а претходно настапуваше и за ЦСКА Москва и Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

