Официјално: Шенгун ќе биде во тимот на Јокиќ на „Ол-стар“ викендот

Турскиот кошаркар Алперен Шенгун ќе биде дел од кошаркарскиот спектакл во Лос Анџелес, каде што ќе се одржи овогодинешниот Oл-стар викенд.

Познато е дека центарот на Хјустон не доби доволно гласови од навивачите за да игра во „Тимот на светот“ против „Тимот на САД“, но имаше среќа… Тој ќе заземе место во светскиот тим на местото на лидерот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александар, бидејќи вториот е повреден и не е во можност да му помогне на остатокот од светот против американските ѕвезди.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, потврди во неделата дека турскиот кошаркар ќе го заземе местото на официјалниот МВП на лигата.

Натпреварот меѓу „Тимот на светот“ и „Тимот на САД“ ќе се игра на 15 февруари.

Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Дани Авдија, Јанис Адетокумбо, Џамал ​​Мареј, Паскал Сијакам, Виктор Вембањама и Карл Ентони-Таунс исто така ќе играат за „Тимот на светот“ на Ол-стар турнирот.

Се вчитува...