Официјално: Шкендија се раздели со Артим Шаќири

Фудбалскиот клуб Шкиндија и официјално потврди дека ја прекинува соработката со шефот на техничкиот штаб на „Црвено-црните“, Артим Шаќири.

Соработката со менаџерот Шаќири е прекината по взаемен договор.

„Клубот и менаџерот сметаат дека прекинот на соработката во моментов најдобро можно решение за двете страни. ФК Шкендерија му се заблагодарува на Артим Шаќири за придонесот во периодот додека го водеше тимот, и му посакува здравје и многу успеси во иднина“, стои во соопштението на Шкендија.

Се вчитува...