Бернардо Силва нема да го продолжи егзодусот на важни првотимци од Манчестер Сити откако португалскиот репрезентативец денеска и официјално потпиша нов договор со актуелниот европски шампион.
Силва имаше на маса понуда од Саудиска Арабија, преговараше и со ПСЖ и со Барселона, но на крајот постигна договор за да ја продолжи соработката со Манчестер Сити до 2026 година. Тој е член на Сити уште од 2017 година, успевајќи да освои дури 14 трофеи со тимот предводен од Пеп Гвардиола.
„Минав шест извонредни години во Манчестер Сити и воодушевен сум што денеска потпишувам нов договор. Освојувањето на тројната круна минатата сезона беше навистина пецијално, возбудливо е да се биде дел од тим со толкава страст и жела за победување“, изјави Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

