Официјално: Симеоне во Атлетико до 2027 година

Аргентинскиот тренер Диего Пабло Симеоне ќе остане предводник на Атлетико Мадрид најмалку до 2027 година, откако денеска го продолжи својот договор. Аргентинецот е тренер на Атлетико од 2011 година, и неговата мисија ќе продолжи и понатаму.

Атлетико под негово водство минува историски најуспешен период со осум трофеи: две титули во Ла Лига, еден Куп, две лига на Европа, два пехари во Супер-Купот во Европа, и еден шпански Супер-Куп. Згора на тоа играше и две финалиња во Лигата на шампионите.

Симеоне го водеше Атлетико досега на 642 натпревар, и има 380 победи и само 18% порази.

„Од неговата прва сезона на нашиот тим, секогаш се квлаификуваше во групната фаза во Лигата на шампионите, што се израмнија со Манчестер Сити, Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и ПСЖ“, се наведува во соопштението на Атлетико.

Се вчитува...